Кај струмичкото село Куклиш, во координација на Регионалните центри за гранични работи Југ и Исток, уапсен е 43-годишен жител на валандовското село Дорломбос, затоа што при преглед во товарно возило „форд“, кое тој го управувал, биле пронајдени 53 мигранти (37 од Авганистан, 12 од Пакистан, двајца од Индија, еден од Ирак и еден од Египет).

Ф.С. бил приведен во СВР Струмица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Мигрантите ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци „Гази Баба-Скопје“ и Прифатниот транзитен центар „Винојуг“-Гевгелија.