На магистралниот пат Штип – Радовиш, во село Лакавица, вчера полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило „форд транзит“, но возилото не застанало.

Набргу потоа возилото сопрело и при негова проверка биле пронајдени 43 мигранти, на возраст од 16 до 25 години, од Бангладеш, Пакистан и Авганистан. Лицата се предадени на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.