Во контрола на полицијата вчера по полноќ во кафеана во Гостивар, сопственост на Е.А. (53) откриени се три србинки за кои постои сомнеж дека го злоупотребиле туристичкиот престој и работеле како пејачки.

Од СВР Тетово информираат дека во угостителскиот објект на улицата „ЈНА“ биле затекнати четири лица од кои три српски и една државјанка на Република Северна Македонија.

Трите странски државјанки на возраст од 24, 29 и 33 години се приведени во полициската станица во Гостивар и по извршениот разговор во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, тие се изведени пред судија за прекршоци на Основниот суд Гостивар.