На магистралниот пат Штип – Велес, кај местото наречено Три Чешми, утрово полицијата уапсила струмичанец, кој со камион „нисан“ превезувал 19 мигранти од Авганистан и Пакистан.

Претходно, возачот не застанал на знакот за запирање од полицајците и се обидел да побегне, но набргу потоа возилото било запрено и струмичанецот бил уапсен.

По целосно документирање на случајот, против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.