Двајца вработени во Дирекцијата за заштита и спасување се повредени при експлозија на противградна ракета, во Главниот метеоролошки радарски центар – Ѓуриште. Се работи за Г.И.(58) од Куманово и М.С.(64) од Скопје, кои, според пријавеното, имале задача да подигнат 11 противградни ракети со изминат рок или неисправни.

При обид на Г.И. да извади една од нив, таа експлодирала и ги повредила двајцата. Тие биле пренесени во Медицинскиот центар Куманово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.