МВР во дневниот билтен соопштува дека во домот на ресенчанец е пронајдена рачна бомба од италијанско потекло, увид извршила екипа од Полициската станица Ресен.

-На 23.04.2019 година во 13.00 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на ул.„Јосиф Јосифовски“ во Ресен, во домот на Ј.Н. била пронајдена една рачна бомба од италијанско потекло со производство од 1944 година- наведуваат во соопштението од МВР.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Ресен, а од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување бомбата била безбедно подигната за понатамошна постапка.