На патарина во автомобил пронајдена најлонска кеса во која имало околу 400 грама марихуана, четирите лица кои ја превезувале дрогата, меѓу кои и малолетно девојче, се приведени во Полициска станица Тетово.

На 10.09.2018 година околу 23.30 часот на наплатната станица „Желино“ полициски службеници сопреле патничко возило „Форд Ескорд“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.П. (20), а како сопатници биле Д.М.(18), А.П.(19) и еден 15-годишно девојче, сите од Куманово. По извршениот преглед, под предното совозачко седиште била пронајдена најлонска кеса во која имало околу 400 грама марихуана, соопшти МВР.

Лицата се однесени во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.