Изутринава во 02.45 часот на ул. „Абас Емин“ во Охрид, при преглед во патничко возило „цитроен берлинго“, сопственост на А.Џ.(48) од Охрид, полициски службеници пронајдоа и одзедоа три ќеси со марихуана. Дополнително, во близина на неговиот дом на истата улица се пронајдени шише со течност и марихуана. А.Џ. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.