Во попладневните часови на 13 август, 48-годишен битолчанец во полиција пријавил кражба на 200 до 240 тони пченица.

Според пријавеното, во периодот од 25 јули до 13 август, од парцели во сопственост на земјоделскиот комбинат „Пелагонија“, во атарот на работната единица „Југ“, која ги опфаќа селата Кременица, Меџитлија, Породин, Лажец, Велушина, Гермијан и Бач, непознати лица извршиле кражба на пченица во вредност од околу 50.000 евра.

За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.