Воспоставен е систем на координација во услови на кризна состојба оценува за МИА универзитетскиот професор Марјан Ѓуровски, кој учествува во работата на Главниот штаб за управување со кризи на ЦУК, давајќи оперативна поддршка во справувањето со пожарите.

Ѓуровски смета дека расположливите ресурси се искористуваат плански, при што особено е значајна поддршката од воздух од Армијата, како и помошта добиена од соседните земји, ЕУ и од НАТО-механизмот за цивилна заштита.

– Научените лекции од прогласената кризна состојба ќе го направат пофункционален системот и ќе ги надминат слабостите преку градење на нов концепт. Но сега не е време да се зборува за тоа. Важно е постојниот систем на државата успешно да се справи со пожарите – смета Ѓуровски, кој најави дека тим на универзитетски професори ќе излезе со посебни препораки по завршување на кризната состојба.