Дваесет и двегодишен скопјанец е повреден во железничката незгода што се случи утрово на пругите од Ѓорче Петров кон Кондово кога воз удри во патнички автомобил.

Од МВР соопштуваат дека возот сообраќал на релација Тетово – Скопје и бил управуван од С. М. (50) од Скопје.

Скопјанецот од автомобилот кој во моментот на несреќата поминувал на пругата е лице со иницијали Ф. С. Лицето било пренесено во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување лекарска помош.

Увид на местото на настанот бил извршен од екипа од СВР Скопје.