На пругата Табановце – Скопје, вчера околу 18 часот и 30 минути, поточно помеѓу железничка станица Миладиновци и железничка станица Илинден – во близина на надвозникот за село Бунарџик, патнички воз наишол на камен поставен помеѓу шините.

Од ударот во каменот направена е материјална штета на возот, а нема повредени лица, информираат од Министерството за внатрешни рботи.