Пакистанец на возраст од 23 години загина на пругата во близина на селото Ногаевци откако во него удрил воз што сообраќал на релација Гевгелија – Скопје.

Како што информираат од МВР, незгодата се случила во вечерните часови на 19. септември, а 23-годишникот починал на самото место.

Со него бил уште еден Пакистанец на возраст од 30 години, кој бил предаден на полицијата и префрлен во Прифатниот центар за странци – Гази Баба, во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.