Триесетиедногодишен скопјанец загина откако во него удри воз на железничката пруга пред надвозникот на бул. „Србија“. Според информациите, возот сообраќал на релација Битола – Скопје пришто удрил во пешакот Н.М., кој починал на местото.

Лекар констатирал смрт, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.