Вчера попладне на регионалниот пат Скопје-Велес, кај селото Трубарево, патничко возило со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(52) од селото Огњанци, скопско, удрило во 34-годишна мајка од Скопје и нејзината малолетна ќерка.

Од МВР велат дека во незгодата жената се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а девојчето се здобило со телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на СВР Скопје.