Синоќа околу 22.30 часот на автопат Табановце – Куманово, на Граничен премин Табановце, се случила сообраќајна незгода меѓу возило „опел инсигниа“, со италијански национални ознаки, управувано од А.Р.(47) од селото Желино, „цитроен“ управуван од Љ.А.(18) од Куманово и „фолксваген пасат“, со словенечки национални ознаки, управуван од Г.И.(52) од виничкото село Истибања.

Притоа, возилото „опел инсигниа“ удрило во кабина за пасошка контрола, во која се наоѓал полицискиот службеник Е.Ф.. Во незгодата, Е.Ф. се здобил со повреди, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје. Увид на местото на незгодата извршила екипа на СВР Куманово.