Дваесетгодишен мотоциклист од кичевското село Челопеци синоќа е тешко повреден откако во него удрило возило на авто-школа управувано од кандидат за возач.

Како што е наведено во полицискиот билтен, синоќа во 18:50 часот на магистралниот пат А2, патничко возило „Фиат“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на авто-школа од Кичево, а управувано од кандидат за возач А.С. (18) од Кичево, во присуство на инструктор Б.С. (26) од Кичево, удрило во мотоцикл „Сузуки“ со охридски регистарски ознаки, управуван од С.Б. (20) од с.Челопеци кичевско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, кој поради сериозноста на повредите бил пренесен во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.