Осумдесетгодишна жена од Скопје загина како последица на сообраќајна несреќа што се случи вчера на пладне кај Старо Нагоричане, Кумановско.

Загинатата била сопатник во автомобил, управуван од Р.Ц.(75) од Скопје.

Според информациите од полицијата, возилото во еден миг излетало од патот.

Жената заедно со возачот била пренесена на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде по четири часа починала. Возачот бил задржан во болница со тешки повреди.