Вчера, околу 8.20 часот, на улицата Димко Најдов во Велес, се случила сообраќајна незгода, во која возило „даеву матиз“, со велешки регистарски ознаки, управувано од З. Т. (46) од Велес, излетало од коловозот на железничката пруга.

Во незгодата З. Т. добил тешка телесна повреда и бил пренесен во болницата во Велес за укажување лекарска помош.

Извршен е увид на местото на настанот, соопшти полицијата.