Велосипедист со тешки повреди бил пренесен во болница откако во него удрил автомобил, а возачот избегал.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во Центар, на сервисната улица која ја поврзува ул. „11 Март“ кај МНТ, со паркинг просторот кој води кон угостителски објект, кога возило „шевролет каптива“, со скопски регистарски ознаки, удрил во велосипедистот К.Ј.(59) од Скопје, по што избегал.

Во незгодата, К.Ј. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.