Сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „застава југо“, со охридски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(47) од с.Волино – Општина Дебарца и патничко возило „фолксваген амарок“, со германски национални ознаки, управувано од Б.Р.(20) од СР. Германија, се случила вчера на крстосница од магистрален пат село Подмолје-Ќафасан со ул. „Мислешевски пат“.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил М.Т., кој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Струга.