фото: Архива

Полицијата соопшти дека 75-годишен скопјанeц бил физички нападнат од возач на приватен автобус.

Настанот се случил вчера кога во 14.20 часот Б.Д.(75) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Ѓорче Петров бил физички нападнат од едно лице кое управувало приватен автобус со број 11.

Се работи на расчистување на случајот, соопшти полицијата.