Фото: Илустрација

Шеесет и едногодишен маж загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат во село Доброшинци, Струмичко.

Според информациите од полицијата, во несреќата учествувале автомобил „шкода октавија“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.А.(62) од село Пиперево, струмичко и „фолксваген шаран“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Е.М.(25) од село Градошорци, струмичко.

Во незгодата починал возачот В.А., додека Е.М. и А.А.(16), сопатничка во неговото возило се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во болницата во Струмица за укажување на лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.