СВР Велес поднесе кривична пријава против В.Д.(32), поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем.

На 26.10.2020 во 16:57 часот, според информациите на МВР, со намера да прибави противправна имотна корист, В.Д. ги зела кредитните картички од нејзиниот дедо и од банкомат подигнала пари, без претходно да ги извести нејзините дедо и баба.