Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди презема мерки и активности за утврдување на законитоста на постапувањето на полициски службеници кои привеле момче, кое е затекнато надвор од својот дом со својот миленик за време на полицискиот час.

– Во текот на утрешниот ден, јавноста ќе биде соодветно информирана за исходот од проверките Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди и во иднина ќе презема мерки за соодветно расчистување на сите случаи во кои постои сомневање дека постапувањето на полициските службеници е спротивно на законот – соопшти полицијата.

На социјалните мрежи се појави видео на кое може да се забележат полициски службеници како, со два автомобили и едно комбе, приведуваат момче кое шетало со својот миленик.

На Фејсбук по повод случајот се огласија министерот за внатрешни работи Наќе Чулев и заменик-министерката Славјанка Петровска.

Чулев најави расчистување на случајот преку објава на неговата официјална фејсбук-страница.

❗️Во текот на денешниот ден на социјалната мрежа “Facebook” се споделува видео на кое се забележуваат неколку полициски…

Posted by Наќе Чулев on Понеделник, 20 април 2020

Петровска даде видување за случајот коментирајќи го на нејзиниот фејсбук-профил.

Во врска со објавеното видео на кое е прикажано приведување на момче со домашно милениче заради прекршување на…

Posted by Slavjanka Petrovska on Понеделник, 20 април 2020