Судечкиот совет во случајот „Транспортер“ донесе пресуда со која го осуди поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, на осум години затвор, за проневера на околу 360.000 евра заедно со уште 20 лица кои се прогласени за виновни за различни кривични дела.

– Обвинетиот Владимир Талески го сторил кривичното дело злоупотреба на службена положба и овастување – соопшти судијката Добрила Кацарска.

Обвинителот на СЈО, Трајче Пеливанов, побара пауза за да се произнесат за мерките на претпазливост кои дел од обвинетите ги имаат, но и за изречување на нови за останатите осудени.

Случајот „Траспортер“ беше отворен во април 2016 година.