Фото: Маја Јаневска-Илиева

На вонредната владина седница одржана утринава прогласена е тридневна жалост на целата територија на Македонија. Знамињата пред Владата моментно се спуштени на половина копје. Се очекува деталите да бидат соопштени од владината прес-служба.

И Тетово прогласи тридневна жалост на ниво на општината, откако 14 луѓе го загубија животот во пожарот во тетовската модуларна болница.