Фото: Маја Јаневска-Илиева

Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово-Скопје-Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 138 возила.

Од нив, 27 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а седум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.