Вклучен аларм ги одложи претпладневните рочишта во Кривичниот суд – Скопје, меѓу кои и за „27 април“ и за „Монструм“.

Поради неможност да се исклучи алармот, прекинато е снабдувањето со струја во судот.

Вработените, обвинети и нивните бранители, како и новинарските екипи кои се дојдени да ги следат рочиштата, се пред судската зграда.

Засега нема информација од што се вклучил алармот. На влезовите во Кривичниот суд се залепени известувања дека поради технички проблеми судењата се одложени по 11 часот.