Пожарот покрај пругата Скопје-Велес, поточно пред ЖС-Рајко Жинзифов кај село Сл’п, во 13 часот е ставен под контрола во горниот фронт, додека во долниот дел, околу железничката станица, повторно е активен на непристапен терен, поради временските услови, односно појавата на ветер, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Моментно на терен се екипа од ШС Бабуна со 10 вработени, ТППЕ Велес со шест пожарникари и две возила. Според информацијата добиена од терен не постои можност за проширување на пожарот кон село Карабуњиште и село Сл’п.

Од страна на Македонски железници доставени се околу 200 литри вода за полнење на мешаните (напретњачи). Исто така, според последните информации ќе биде активиран и ПП возот. Екипите од ШС Бабуна и ТППЕ Велес остануваат на терен до целосно згаснување на пожарот.