Триесет и едногодишен велосипедист е повреден ноќеска 30 минути по полноќ на улицата „Цветан Димов“ во Скопје кога во него удрило возило „мерцедес“, а возачот побегнал.

Повредениот А.А. со тешки телесни повреди е пренесен со друго возило во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ каде му е укажана лекарска помош.

Полицијата денеска соопшти дека се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.