Велосипедист бил прегазен од автомобил во сообраќајна несреќа што се случила вчера на булеварот Партизански одреди.

– Автомобил управуван од Г.С.(45) од Скопје удрил во велосипед, управуван од Р.Ј.(75) од Прилеп – соопшти МВР.

Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид на местото на незгодата.