Синоќа на улицата „Козле“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале автомобил управуван од 35-годишен скопјанец и велосипед управуван од 59-годишно лицe од Скопје.

Како што јави МВР, во незгодата со тешки телесни повреди повреди се здобил велосипедистот и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на расчистување на случајот.