Полицијата уапси 23-годишен велешанец кој бил фатен како краде за време на полицискиот час.

Според информациите на МВР, вчера околу 21.30 часот М.А.(23) од Велес бил фатен при вршење на тешка кражба од автомобил, паркиран на ул. „Димко Најдов“ во Велес.

По извршениот претрес во неговиот дом, биле пронајдени повеќе предмети кои потекнуваат од кражби, како и алат и предмети со кои се извршени кривичните дела.

Лицето е задржано во Полициската станица Велес. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава за сторените кривични дела, како и за непочитување на забраната за движење.