„Ќе ве убијам и тебе и баба ми и ќе ве расечам ако не ми дадете пари“. Вака 29-годишен велешанец ѝ се заканил со нож на својата мајка во неделата, по што велешкото обвинителство поведе постапка за загрозување на сигурноста.

Патем, како што соопшти Обвинителството, употребувајќи кон роднините вулгарни зборови, велешанецот го скршил мобилниот телефон на неговата мајка при нејзиниот обид да го пријави во полицијата.

Семејната драма продолжила и пред два дена, кога тој на истиот начин се заканил кон семејството.

– Имајќи предвид дека се работи за кривично дело кое е спротивно на моралните норми за семејните вредности и роднинските врски со оштетените, изразената настојчивост во неговото однесување спрема оштетените, до Судија на претходна постапка е поднесен Предлог за определување на притвор за осомничениот. Судијата на претходна постапка при Основниот суд Велес го прифати предлогот на обвинителството и на осоничениот му е определен притвор во траење од осум дена​ – велат од Обвинителството.