Бугарија во најкус можен рок ќе испрати противпожарни единици кои ќе помогнат во гаснење на пожарите, информираше претседателот Стево Пендаровски преку Фејсбук, откако имал телефонски разговор со бугарскиот колега Румен Радев.

– Доцна вечерва имав телефонски разговор со претседателот на Бугарија, Румен Радев.
Договорено е во најкус можен рок, Бугарија да испрати противпожарни единици кои ќе помогнат на нашите екипи во гасење на пожарите – напиша Пендаровски.