Oбвинетиот Бојан Јовановски, познат како Боки 13, повторно е пренесен во болница поради проблеми со желудникот.

Јовановски бил пренесен на лекарски преглед во градската болница „8 Септември“, со затворско возило од истражниот затвор „Скопје“.

Јовановски досега неколкупати беше пренесен во болница поради проблеми со желудникот, а минатата недела му се слоши кога требаше да дава исказ во Обвинителството.

Тој е еден од тројцата обвинети за случајот „Рекет“ што го отвори Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Joвановски три месеци е во притвор заради противзаконско добивање на над еден милион евра од бизнисменот Орце Камчев.

Обвинети се и поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева и бизнисменот Зоран Милевски Кичеец.