Бојан Јовановски останува во притвор. Апелациониот суд ја одби неговата жалба со која бараше да се брани од слобода.

Судиите оцениле дека сè уште постои можноста Јовановски да се даде во бегство и да не биде достапен за органите на прогонот. Тој бараше да биде пуштен од притвор поради неговата здравствна состојба и неможноста да се третира во затворот.

Засега сè уште нема одлука по жалбата на Катица Јанева, која бара да ѝ се укине мерката куќен притвор. Претходно, пред крајот на ноември Апелација ѝ ја уважи жалбата на Јанева и ја пушти од затворски притвор.

Јовановски и Јанева се обвинети во случајот „Рекет“. Јанева се сомничи за злоупотреба на службената положба и овластувањето, а Бојан Јовановски за примање награда за противзаконско влијание и перење пари.