Фото: Игор Бансколиев

Апелацискиот суд Скопје денеска ја отфрли жалбата за притворот на првообвинетиот во случајот „Рекет”, Бојан Јовановски – Боки 13.

– Апелацискиот суд Скопје на 4 декември, постапувајќи по жалбата на обвинетиот Бојан Јовановски изјавена преку бранителот адвокат Сашко Дукоски од Скопје, против решението на првостепениот суд од 20 ноември, со кое е одбиен предлогот за укинување на мерката притвор и замена на истата со други поблаги мерки за обезбедување присуство на обвинетиот Бојан Јовановски во текот на постапката, по разгледувње на списите во предметот, одлучи изјавената жалба да ја отфрли како недозволена, согласно одредбата од чл.172 став 2 точка 5 од Законот за кривична постапка во врска со став 1 од истиот член од Законот, согласно која против решението на Советот со кое се одбива предлогот за определување или укинување на притворот не е дозволена посебна жалба – се вели во соопштението од Апелацискиот суд во Скопје.

Оттука додаваат дека образложението на причините за ваквата одлука дополнително ќе биде објавено.