Фото: Архива

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, бил итно примен во болницата за хируршки болести „Свети Наум“ (поранешна Градска болница) и врз него е извршен оперативен зафат, објавија повеќе медиуми, додека „Фокус“ наведе дека добил потврда за информацијата од директорот на болницата Љубен Арсенков.

Според информациите на „Фокус“, Јовановски моментно е во стабилна состојба откако бил примен како итен случај во 19 часот и упатен кон операциона сала, по извршените испитувања.

Болничките извори наведуваат дека Боки 13 бил пренесен во болницата по воспаление на желудникот за што се жалеше и во текот на судскиот процес за предметот „Рекет“, во кој е првостепено осуден на деветгодишна затворска казна.

Во текот на утрешниот ден се очекуваат повеќе информации.