Првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, познат како Боки 13, утринава повторно бил однесен во клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

На Јовановски му биле извршени испитување и снимања на абдоменот, по што бил вратен во затворот Шутка.

Јовановски во Клиника беше и на 5-ти месецов поради болки во стомакот. Тогаш директорот на Торако-васкуларната клиника, Неџати Јакупи, изјави дека здравствените проблеми на Боки 13 се резултат на претходни хируршки зафати.

Во истрагата „Рекет“, која почна со апсењето на Јовановски, досега има тројца осомничени и сите се во притвор. Меѓу нив е и специјалната обвинителка Катица Јанева. Второосомничен е Зоран Милески – Кичеец.