Бојан Јовановски познат како Боки 13, со лисици на рацете во придружба на полицијата беше донесен на распит во Кривичниот суд откако попладнево беше уапсен на граничниот премин Богородица, информира „Макфакс“.

Јовановски е првоосомничен во најновата истрага на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Јовановска заедно со Зоран Милевски Кичеец е обвинет за примање награда за противзаконско влијание како и за перење пари.

Шефицата на Одделот за гонење организиран криминал, Вилма Русковска, на прес-конференција најави дека за двајцата осомничени обцинителството ќе бара притвор.

Според предистрагата, во периодот од април 2018 до април 2019 година тие барале рекет од бизнисмен, за преку извесен јавен обвинител на кој не му беше соопштен идентитетот, да биде олеснета постапката што се води против него. Од бизнисменот биле барани 8 милиони евра, а добиле 1,5 милиони евра.

Според пишувањата на „Макфакс“, полицијата вечерба изврши и претрес во домот на родителите на Бојан Јовановски во скопската насела Тафталиџе. Пред семејната куќа на Јовановски имало полициско возило, а на влезот од дворот можело да се забележи припадник на полицијата со уште две лица.