Автомобил марка „БМВ“ излетал од патот Неготино-Велес, на петстотини метри пред патарината Градско, при што едно лице е повредено.

– Повреден е возачот на патничкиот автомобил со скопски регистарски ознаки. Бил приклештен во возилото, па на лице место интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кавадарци која го извадила од возилото – појасни Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Повредениот со возило на итна медицинска помош е пренесен од Здравствен дом Кавадарци во болницата во Велес.