Тешко повреден е пешак во Битола, кога на булевар „1-ви Мај“ во него удрил автомобил.

-Синоќа во 21.40 часот на булевар „1-ви Мај“ во Битола, битолчанецот В.Т.(43) управувајќи патничко возило „Мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, удрил во пешакот Е.Н.(27) од Битола – информираат од МВР.

Од ударот Е.Н. се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Клиничката болница Битола.
Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.