Битолчанка ја пронашла почината мајка си во нејзиниот стан. Како што информира полицијата, вчера околу 09 часот во СВР Битола, Ц.И. од Битола пријавила дека во стан ул. 1„Пецо Божиновски“ во Битола сопственост на нејзината мајка Љ.П.(86), која имала здравствени проблеми, истата ја пронашла почината.

Од доктор од итна медицинска помош била констатирана смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е дадено на обдукција.