Битолчанец пријавил во полиција дека неговата поранешна сопруга речиси цела година сексуално го злоупотребувала нивното дете.

Според информациите на МВР, вчера 52-годишен битолчанец пријавил дека наводно во текот на 2018 година сè до март годинава, во повеќе наврати, неговата поранешна сопруга извршила обљуба и други полови дејствија врз нивниот малолетен син.

За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.