Струшката полиција поднесе кривична пријава против 21-годишен битолачанец, поради сомнение за сторени кривични дела „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“ и „напад врз службено лице“.

Како што информираат од МВР, на 16 месецов, во Струга, на спортски терен при обезбедување на ракометен натпревар, полициски службеник од ОВР Струга, бил нападнат од 21-годишникот по што тој се дал во бегство, но потоа бил приведен во полициската станица во Струга.