Битолчанецот С.С. (58) синоќа се здобил со повреди додека се обидувал да го изгасне пожарот кој ја зафатил неговата куќа лоцирана на улицата „Лавчански пат“ во Битола. Тој бил пренесен во Клиничката болница во Битола.

Како што информира денеска МВР, пожарот избувнал синоќа околу 19.35 часот во една од собите, а во тој момент С.С., кој живеел сам, бил во куќата.
Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица Битола.