Ѓ. Д. (21) од Битола синоќа бил приведен поради спречување и напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

Тој пред почеток на спортски натпревар на „Женската плажа“ во Струга, движејќи се со поголема група навивачи од Битола, физички нападнал навивач од Струга, а потоа и полициски службеник, кој презел службени мерки за спречување на нападот.

Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.