Битолската полиција поднесе кривична пријава против 63-годишен доктор од овој град, кој му го влошил здравјето на пациент препишувајќи му погрешна дијагноза.

Како што информираат од МВР, во текот на 2017. година во Клиничката болница во Битола, докторот постапувајќи несовесно при микроскопски преглед на примерок од пациент, дал дијагноза, врз основа на која било предизвикано тешко нарушување на здравјето.

Против докторот е поднесена пријава под сомнение за сторени кривични дела „несовесно лекување болни“ и „тешки дела против здравјето на луѓето“.